Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Со сите почести одбележан патрониот празник на касарната “Боро Менков”

Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваа на одбележувањето на патронатот на касарната “Боро Менков”-Куманово. Во чест на пожртвуваноста на народниот херој Боро Менков, беше положено свежо цвеќе на неговата биста, оддавајќи му посебен пиетет за заслугите за доброто на својот народ.

Командантот на 1.механизиран пешадиски баталјон, потполковник Стојанче Костов, со пригоден збор за оваа прилика им се обрати на присутните, потенцирајќи го огромното значење на ликот и делото на Боро Менков, кој остави неизбришлива трага во македонската историја. Се одржа и кратка културно-уметничка програма, во прилог на настанот.

Врати се на врвот
Големина на фонт