Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба на Градоначалникот Димитриевски со Амбасадорот на Швајцарија

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Градоначалникот на општина Куманово  Димитриевски денеска се сретна со Амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада. На работната средба се разговараше за досегашните успешни заеднички проекти, како и за можната идна соработка. Заедно со Амбасадорот Техада и Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски го посетија маркетот Рамстор, каде што е поставена една од трите вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки. Проектот “Пластикмат за чист град”  е реализиран преку набавка на машини од страна на “Пакомак” за селекција на отпад со обезбеден софтвер и мобилна апликација, преку која граѓаните ќе вршат поврат на одредена сума за секое вратено шише во машината со зелени поени, кои ќе ги користат во маркетите, каде што се поставени.Овој иновативен проект е финансиран преку Агенцијата за развој на Швајцарија застапувана преку Амбасадата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа.

 




Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст