Средба на градоначалникот со угостители

Градоначалникот Максим Димитриевски, заедно со претставници од секторот Урбанизам и инспекција, денеска одржа работен состанок со угостителите од градот. На состанокот се разговараше за моментална состојба во која се наоѓаат нивните објекти и одлуката донесена на последната седница на Совет на Општина Куманово. По дискусијата, на состанокот беше договорено општината да формира комисија со која ќе се утвди фактичката состојба со овие објекти, а угостителите да се обврзат дека ќе постапуваат според решенијата од надлежните инспекциските служби, и истите да се усогласат со сите важечки прописи за поставување на урбана опрема.

Врати се на врвот
Големина на фонт