Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средношколски баскет турнир во ОСТУ “Наце Буѓони”

Денеска се одржа уште еден спортски настан во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември-Ден на ослободување на Куманово “Ноемвриски денови 2021”. Ученици од општинските средни училишта учествуваа на средношколски баскет турнир 3×3, во машка и женска конкуренција, кој се одржа на спортското игралиште на ОСТУ “Наце Буѓони”- Куманово. Настанот е организиран од Општински сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт. Присуствуваа претставници од Сектор за образование и Сектор за култура и спорт при Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст