Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Старт на новата учебна 2021/2022 година

Денеска со почитување на сите заштитни мерки, согласно препораките дадени од Владата на Република Северна Македонија, започна новата 2021/2022 учебна година за сите ученици од општинските основни и средни училишта. Оваа година од името на општина Куманово Секретарот на Општината Александар Гелевски беше во посета на ООУ “Кочо Рацин”-Куманово, каде што заедно со директорот на училиштето Лидија Пешевска и помошникот директор Ивана Ѓорѓиевска им посакаа среќен и успешен почеток на првачињата и останатите ученици во новата учебна година.Обезбедени се потребните услови за учениците за непречен развој на воспитно-образовниот процес.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст