Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Традиционална велосипедска трка “Трофеј 11 Октомври”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Согласно програмата за одбележување на 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот, денеска се одржа уште еден празничен спортски настан- традиционалната велосипедска трка “Трофеј 11 Октомври”. Трката е организирана од страна на Општинскиот сојуз на спортови и Велосипедски клуб “Вело М”- Куманово, а со поддршка од Општина Куманово. На трката учествуваа деца велосипедисти и повозрасни спортисти, кои возеа кружно на релација “Октомвриска револуција” и “3-та МУБ”. На овој спортски настан   присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст