Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Традиционално одбележан Денот на народното востание и Ден на борецот

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По повод овогодинешниот јубилеј 80 години од Денот на народното востание-11 Октомври, на Спомен костурница во Куманово се одржа традиционалната пригодна свеченост. На свеченото одбележување присуствуваа бројни делегации, кои положија свежо цвеќе, оддавајќи им достојна почит на паднатите борци во борбата за слобода на македонскиот народ: Сојуз на борци од Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, градоначалник на Општина Куманово, делегација на Општина Прилеп, претседател и членови на Советот на Општината, на претседателот на РСМ, Владата и Собранието на РСМ, на Генерал штабот на АРМ и Министерството за внатрешни работи  на РСМ, општински основни и средни училишта, јавни установи и претпријатија, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии. Со пригодна реч се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Свеченото одбележување беше збогатено и со кратка културно-уметничка програма.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст