Унгарски амбасадор во посета на Општина Куманово


Денеска во прва официјална посета на Општина Куманово беше Амбасадорот на Унгарија во Македонија господин Ласло Дукс . Со градоначалникот Максим Димитриевски разговараа на повеќе теми, од областа на економијата, културата и спортот. По средбата, заедно ја посетија црквата Св. Никола во центарот на градот.