Услуги –Одделение за стратешко планирање и ЛЕР


Постапка за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 4, став 2, “физичките лица кои согласно со одредбите од овој закон вршат угостителска дејност се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината. “
Согласно член 40 “физичките лица може да даваат:
Конфекционирани угостителски услуги во наменски подвижни објекти
Угостителски услуги за сместување и исхрана во куќи
Угостителски услуги во апартмани и соби за одмор
Угостителски услуги во селски домаќинства и
Угостителски услуги во пловни објекти. “
Постапката за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем отпочнува со поднесување на Барање за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, согласно член 4-а од Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14) до Одделението за ЛЕР, преку архивата на Општина Куманово . Кон Барањето се поднесува:
Пријава до Државен пазарен инспекторат за исполнети минимално-технички услови;
Доказ за сопственост за физички лица кои вршат угостителски услуги за сместување во куќи, апартмани и соби;
Доказ за сопственост, или доказ за право на користење за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани и
Доказ за платена административна такса (50,00+250,00 денари).
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Барањето заедно со придружната документација се заведува во интерна доставна книга и се доставуваат до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, го парафира Барањето и придружната документација и го доставува до државниот службеник надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Државниот службеник надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството го разгледува Барањето и прилозите и изготвува:
Решение за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, доколку барањето е комплетно или
Решение за одбивање на барањето за упис во регистарот, доколку барањето е некомплетно во рок од 8 дена од денот на приемот на Барањето (член 4-б од Законот за угостителска дејност)
и го доставува на потпис до одговорните лица.
Потпишаното решение се заведува во архива и се доставува до странката.
Еден примерок од Решението за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем се доставува до Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, кој ги внесува податоците од Решението во Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем (Сл. Весник на РМ бр. 116/06)и ги документира Решенијата по дата на издавање;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои шест месеци доставува извод од Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за престанок на важење на решението за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 4-в “физичките лица, кои се регистрирани во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, во рок од 15 дена, од денот на престанување на вршење на дејноста за која се регистрирани, поднесуваат барање за престанок на важењето на решението за упис во регистарот.
Постапката за бришење од регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем отпочнува со поднесување на Барање за престанок на важење на решението за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, согласно член 4-в од Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14) до Одделението за ЛЕР, преку архивата на Општина Куманово. Кон Барањето се поднесува:
Решение за упис во регистарот на вршители на угостителски услуги од мал обем и
Доказ за платена административна такса (50,00+250,00 денари).
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Барањето заедно со придружната документација се заведува во интерна доставна книга и се доставуваат до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, го парафира Барањето и придружната документација и го доставува до државниот службеник надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Државниот службеник надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството го разгледува Барањето и прилозите и изготвува Решение за престанок на важење на решението за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, доколку барањето е комплетно во рок од 8 дена од денот на приемот на Барањето (член 4-в, став 3 од Законот за угостителска дејност) и го доставува на потпис до одговорните лица;
Потпишаното решение се заведува во архива и се доставува до странката;
Еден примерок од Решението за престанок на важење на решението за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем се доставува до Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, кој ги внесува податоците од Решението во Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем (Сл. Весник на РМ бр. 116/06)и ги документира Решенијата по дата на издавање;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои шест месеци доставува извод од Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем до Раководителот на Сектор, Раководителот на ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за поднесување на пријава за исполнети минимално-технички услови за вршење на угостителска дејност и евиденција на угостителите кои отпочнуваат со работа на подрачјето на Општина Куманово

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 7, став 1 “угостителот е должен исполнувањето на пропишаните минимално-технички услови и започнувањето со работа да го пријави на Државниот пазарен инспекторат и на градоначалникот на општината, најмалку 15 дена пред почетокот на работењето на угостителскиот објект.”
Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 8, став 1 “градоначалникот на општината води евиденција на угостителите кои отпочнуваат со работа на нивното подрачје.“
Пријавата за исполнети минимално-технички услови за вршење на угостителска дејност и започнувањето со работа се доставува до Одделението за ЛЕР преку архивата на Општина Куманово на образец во два примероци согласно Правилникот за формата и содржината на Пријавата за исполнување на минимално-техничките услови и започнување со работа на објектите за вршење на угостителска дејност и формата и содржината на образецот на Пријавата за промена на минимално-техничките услови на угостителските објекти (Сл. Весник на РМ бр. 117/08), а согласно член 7, став 1 од Законот за угостителска дејност;
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Пријавата се заведува во интерна доставна книга и се доставува до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, ја парафира Пријавата и ја доставува до самостојниот референт надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство ја разгледува Пријавата, ја заверува во Архива и ги заведува податоците од Пријавата во електронска дата база на угостители кои започнуваат со работа на територијата на Општина Куманово согласно член 8, став 1 од Законот за угостителска дејност.
Еден примерок од Пријавата се доставува до странката, додека еден примерок Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои три месеци доставува извод од електронската дата база на угостителите кои отпочнуваат со работа на територијата на Општина Куманово до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за поднесување на Пријава за промена на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 7, став 2 “угостителот е должен промената на пропишаните минимално-технички услови да ја пријави на Државниот пазарен инспекторат и на градоначалникот на општината, во рок од 15 дена од настанатите промени.”

Пријавата за промена на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност се доставува до Одделението за ЛЕР преку архивата на Општина Куманово на образец во два примероци, согласно Правилникот за формата и содржината на Пријавата за исполнување на минимално-техничките услови и започнување со работа на објектите за вршење на угостителска дејност и формата и содржината на образецот на Пријавата за промена на минимално-техничките услови на угостителските објекти (Сл. Весник на РМ бр. 117/08), а согласно член 7, став 2 од Законот за угостителска дејност;
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Пријавата се заведува во интерна доставна книга и се доставува до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, ја парафира Пријавата и ја доставува до самостојниот референт надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство ја разгледува Пријавата, ја заверува во Архива и ги заведува податоците од промените во Пријавата во електронска дата база на угостители кои работат на територијата на Општина Куманово.
Еден примерок од Пријавата се доставува до странката, додека еден примерок Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои три месеци доставува извод од електронската дата база на угостителите кои отпочнуваат со работа на територијата на Општина Куманово до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за поднесување на пријава за часот на отпочнување на работното време и распоредот на работното време и евиденција за работното време на угостителските објекти што работат на подрачјето на Општина Куманово

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 25, став 1 “Угостителот е должен часот на отпочнувањето на работното време и распоредот на работното време да го пријави на градоначалникот на општината, како и на Државниот инспекторат за труд во рок од осум дена пред денот на почетокот на вршењето на угостителската дејност и пред измената на часот и распоредот на работното време на угостителскиот објект.”
Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 25, став 2, “Градоначалникот на општината, води евиденција за работното време на угостителските објекти што работат на подрачјето на нивната надлежност.”

Пријавата за часот на отпочнување на работното време и распоредот на работното време се доставува до Одделението за ЛЕР преку архивата на Општина Куманово на образец во два примероци, согласно член 25, став 1 од Законот за угостителска дејност;
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Пријавата се заведува во интерна доставна книга и се доставува до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, ја парафира Пријавата и ја доставува до самостојниот референт надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство ја разгледува Пријавата, ја заверува во Архива и ги заведува податоците од од Пријавата во електронска дата база за работно време на угостителски објекти кои работат на територијата на Општина Куманово.
Еден примерок од Пријавата се доставува до странката, додека еден примерок Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои три месеци доставува извод од електронската дата база за работно време на угостителски објекти кои работат на територијата на Општина Куманово до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за категоризација на куќи, станови и соби за издавање од физички лица и селски домаќинства за вршење на угостителски услуги и водење на регистар за категоризирани угостителски објекти

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 27, став 2, “куќите, становите и собите за издавање од страна на физичките лица и селските домаќинства задолжително се категоризираат според условите предвидени во став 1 на овој член”.
Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 47, став 2, “категоризацијата на објектите од член 27, став 2 ја врши градоначалникот на општината.”
Постапката за категоризација на куќи, станови и соби за издавање од физички лица и селски домаќинства за вршење на угостителски услуги отпочнува со поднесување на Барање за утврдување на минимално-технички услови и категоризација на куќи, станови и соби за издавање од физички лица и селски домаќинства за вршење на угостителски услуги, согласно член 47, став 2 од Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14) до Одделението за ЛЕР, преку архивата на Општина Куманово. Кон Барањето се поднесува:
Доказ за сопственост или право на користење и
Доказ за платена административна такса (50,00+250,00 денари).
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Барањето заедно со придружната документација се заведува во интерна доставна книга и се доставуваат до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, го парафира Барањето и придружната документација и го доставува до Претседателот на Комисијата за категоризација;
Претседателот на Комисијата за категоризација заедно со членовите на Комисијата врши увид на објектите, согласно Правилникот за минимално-технички услови за вршење на угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 16/06), Правилникот за изменување на Правилникот за минимално-технички услови за вршење на угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 44/13) и Правилникот за услови за категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност, Прилог IV (Сл. Весник на РМ бр. 16/06), во рок од 15 дена од денот на приемот на Барањето;
За извршениот увид, Комисијата изготвува Записник со Предлог за категорија и Предлог Решение за категоризација и ги доставува за потпис на одговорните лица;
Потпишаното Решение се заведува во архива и се доставува до странката;
Еден примерок од Решението за категоризација го доставува до Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, кој ги внесува податоците од Решението во Регистарот за категоризираните угостителски објекти, согласно член 47-а од Законот за угостителска дејност и ги документира Решенијата по дата на издавање;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои шест месеци доставува извод од Регистарот на категоризираните угостителски објекти до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР, Советникот за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство и Секторот за инспекциски надзор;
Државниот службеник надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството изготвува извод од регистарот до 15-ти јануари во тековната година за претходната година, како и извештај за извршените промени во регистарот два пати годишно, до 15 јануари во тековната година за претходната година и до 15 јуни во тековната година, за поднесување до органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството.
Постапка за заверка на нормативите за храна

Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14), член 35, став 9, “угостителот е должен да ги достави нормативите за храна на заверка на градоначалникот на оопштината ”.

Постапката за заверка на нормативите за храна отпочнува со поднесување на Барање за заверка на нормативите за храна и пијалоци, согласно член 35, став 9 од Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13 и 199/14) до Одделението за ЛЕР, преку архивата на Општина Куманово. Кон Барањето се поднесува:
Копија од Решение за вршење на дејност од Централен Регистар;
Решение за исполнување на минимално-технички услови за работа;
Податоци за нормативите подготвени од угостителот (2 примероци);
Доказ за платена административна такса (50,00 денари).
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Барањето заедно со придружната документација се заведува во интерна доставна книга и се доставуваат до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, го парафира Барањето и придружната документација и го доставува до Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го разгледува барањето и ги заверува нормативите за храна и пијалоци во Архива доколку барањето е комплетно или ја известува странката да ја достави комплетната потребна документација;
Еден примерок од заверените нормативи се доставува до странката, додека еден примерок, Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои шест месеци доставува извод од електронската дата база за заверените нормативи за храна и пијалоци до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за упис во регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем

Согласно Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14), член 3, став 2 “Физичките лица кои согласно одредбите на овој закон вршат туристичка дејност се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината”
Согласно Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14), член 5, став 3 “Физичкото лице кое како слободно занимање повремено врши туристичка дејност на туристички водич или туристички придружник го носи називот туристички водич или туристички придружник.”
Согласно Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14), член 51, став 1 и став 2 “Физичко лице регистирано кај градоначалникот на општината може да ги дава следните услуги во селски и етно туризам: изнајмување на коњи за јавање, фото-сафари, изработка и продажба на домашни ракотворби, сувенири, инструменти и други производи и услуги во селското домаќинство.”
Согласно Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14), член 51, став 3 и став 4“Физичко лице регистрирано кај градоначалникот на општината може да ги дава следните услуги во еколошки туризам : изнајмување на превозни средства заради разгледување на природните убавини, продажба на плодови од природата, давање објаснување на природните убавини, фото-сафари и други услуги со кои не се нанесува штета на природата на начин утврден со посебен закон.”
Согласно Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14), член 52, став 1 и став 3 “Други видови туристички услуги во смисла на овој закон се сметаат: организирање рекреативни и забавни активности на плажи и базени, изнајмување на пловила за забава (сандолини, даска за едрење и сл.), прибор за скијање на вода, велосипед, лежалка и чадор за заштита од сонце, прибор за риболов и сл. Услугата од мал обем од став 1 на овој член, можат да ја даваат физички лица.”
Постапката за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем отпочнува со поднесување на Барање за упис во регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем, согласно член 3 од Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14) до Одделението за ЛЕР, преку архивата на Општина Куманово . Кон Барањето се поднесува:
Пријава до Државен пазарен инспекторат за исполнети минимално-технички услови и
Доказ за платена административна такса (50,00+250,00 денари).
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Барањето заедно со придружната документација се заведува во интерна доставна книга и се доставуваат до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, го парафира Барањето и придружната документација и го доставува до државниот службеник надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Државниот службеник надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството го разгледува Барањето и прилозите и изготвува:
Решение за упис во регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем, доколку барањето е комплетно или
Решение за одбивање на барањето за упис во регистарот, доколку барањето е некомплетно во рок од 8 дена од денот на приемот на Барањето
и го доставува на потпис до одговорните лица.
Потпишаното решение се заведува во архива и се доставува до странката;
Еден примерок од Решението за упис во регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем се доставува до Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, кој ги внесува податоците од Решението во Регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем, согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на физичките лица кои вршат туристичка дејност од мал обем (Сл. Весник на РМ бр. 116/06) и ги документира Решенијата по дата на издавање;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои шест месеци доставува извод од Регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за бришење од регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем

Постапката за бришење од регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем отпочнува со поднесување на Барање за бришење од регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем.Кон Барањето се поднесува:
Решение за упис во регистарот на вршители на туристички услуги од мал обем и
Доказ за платена административна такса (50,00+250,00 денари).
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Пријавата се заведува во интерна доставна книга и се доставува до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, ја парафира Пријавата и ја доставува до самостојниот референт надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство ја разгледува Пријавата, ја заверува во Архива и ги заведува податоците од Пријавата во Регистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем, согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на физичките лица кои вршат туристичка дејност од мал обем (Сл. Весник на РМ бр. 116/06);
Еден примерок од Пријавата се доставува до странката, додека еден примерок Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои шест месеци доставува извод одРегистарот на физички лица кои вршат туристичка дејност од мал обем до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.

Постапка за поднесување на пријава за исполнети минимално-технички услови за вршење на туристичка дејност и евиденција на вршителите на туристичка дејност кои отпочнуваат со работа на подрачјето на Општина Куманово

Согласно Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14), член 3, став 2 “Вршителот на туристичката дејност е должен исполнувањето на условите од член 9 став 1 (минимално-технички услови) на овој закон да го пријави на Државниот пазарен инспекторат и на градоначалникот на општината, најмалку осум дена пред почетокот на вршењето на дејноста.”

Пријавата за исполнети минимално-технички услови за вршење на туристичка дејност и започнувањето со работа се доставува до Одделението за ЛЕР преку архивата на Општина Куманово на образец во два примероци согласно член 9, став 1 од Законот за туристичка дејност;
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Пријавата се заведува во интерна доставна книга и се доставува до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, ја парафира Пријавата и ја доставува до самостојниот референт надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство ја разгледува Пријавата, ја заверува во Архива и ги заведува податоците од Пријавата во електронска дата база на вршители на туристичка дејност кои работат на територијата на Општина Куманово.
Еден примерок од Пријавата се доставува до странката, додека еден примерок Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои три месеци доставува извод од електронската дата база на вршителите на туристичка дејност кои работат на територијата на Општина Куманово до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за поднесување на пријава за часот на отпочнување на работното време и распоредот на работното време и евиденција за работното време на туристичките агенции што работат на подрачјето на Општина Куманово

Согласно Законот за туристичка дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14), член 55, став 1 “Туристичката агенција е должна часот на отпочнувањето на работното време и распоредот на работното време да го пријави на градоначалникот на општината и Државниот инспекторат за труд во рок од осум дена пред денот на почетокот на вршењето на туристичката дејност и пред измената на часот и распоредот на работното време на објектот.”

Пријавата за часот на отпочнување на работното време и распоредот на работното време се доставува до Одделението за ЛЕР преку архивата на Општина Куманово на образец согласно Правилникот за формата и содржината на образецот на Пријавата за утврдување на часот на отпочнувањето на работното време и распоредот на работното време (Сл. Весник на РМ бр. 116/06), во два примероци;
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Пријавата се заведува во интерна доставна книга и се доставува до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, ја парафира Пријавата и ја доставува до самостојниот референт надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство ја разгледува Пријавата, ја заверува во Архива и ги заведува податоците од Пријавата во електронска дата база за работно време на туристички агенции кои работат на територијата на Општина Куманово.
Еден примерок од Пријавата се доставува до странката, додека еден примерок Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои три месеци доставува извод од електронската дата база за работно време на туристички агенции кои работат на територијата на Општина Куманово до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.
Постапка за поднесување на пријава за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект

Согласно Законот за трговија (Сл. Весник на РМ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13), член 23, став 1 “Трговецот е должен исполнувањето на минимално-техничките услови и започнувањето со работа да го пријави на Државниот пазарен инспекторат и на надлежниот орган на општината, најмалку 15 дена пред почетокот на работењето на продажниот или друг деловен објект.”
Пријавата за исполнети минимално-технички услови за вршење на трговија и започнувањето со работа се доставува до Одделението за ЛЕР преку архивата на Општина Куманово на образец во два примероци, согласно Правилникот за формата и содржината на образецот-пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект (Сл. Весник на РМ бр. 21/04);
Во Архивата се потврдува приемот на поднесокот и се води делововодник за поднесоците.
Пријавата се заведува во интерна доставна книга и се доставува до Раководителот на Секторот кој поштата ја парафира и ја доставува во Раководителот на Одделението за ЛЕР;
Раководителот на Одделението за ЛЕР, ја парафира Пријавата и ја доставува до самостојниот референт надлежен за вршење на работите од областа на угостителството, туризмот, трговијата и занаетчиството;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство ја разгледува Пријавата, ја заверува во Архива и ги заведува податоците од Пријавата во електронска дата база на трговци кои работат на територијата на Општина Куманово.
Еден примерок од Пријавата се доставува до странката, додека еден примерок Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство го документира според дата на поднесување;
Самостојниот референт за угостителство, туризам, трговија и занаетчиство, на секои три месеци доставува извод од електронската дата база на трговците кои работат на територијата на Општина Куманово до Раководителот на Секторот, Раководителот на Одделението за ЛЕР и Секторот за инспекциски надзор.