Ученици од Франција во посета на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во Општина Куманово, Градоначалникот Максим Дмитриевски оствари средба со матурантите од Дулен (Франција) кои престојуваат во семејствата на матурантите од Гимназија „Гоце Делчев“. На средбата го запознаа градоначалникот за меѓусебната соработка како збратимени училишта и идните заеднички планови.

Инаку,  во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од 2000 година се спроведува билингвална настава на француски јазик. Деновиве гости на учениците од гимназијата се ученици од средно училиште од градот Дулен – Франција. До 16 април гостите ќе имаат можност да ги посетат позначајните културно – историски знаменитости. А во едукативниот дел учениците ќе се запознаат со фолклорот преку нашите песни и ора и ќе посетат неколку градови во Македонија.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт