Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Фестивалот „Урбан начин на живеење како културно наследство” се одржува во Куманово

Фестивалот „Урбан начин на живеење како културно наследство” се одржува вечерва на градскиот плоштад, по повод свеченото отворање на реновираните простории на поранешен Хотел „Солун”.

На фестивалот учество зедоа повеќе музички уметници од нашиот регион.

По овој повод во просториите на поранешен Хотел „Солун” , се одржа промотивен настан на кој обраќање имаше Александар Крстевски, Раководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР).

Проектот „Заедничка историја и култура – Мост помеѓу границите” е финансиран од ЕУ во рамки на ИПА 2 програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, како водечки партнер Општина Куманово и партнер Општина Дупница.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст