Францускиот амбасадор Тимоние во посета на Општина Куманово

Градоначалникот Максим Димитиевски денеска беше домаќин на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. На средбата се разговараше за повеќе аспекти од долгогодишната соработка, за инфраструктурата, развојот како и досегашните и идните проекти со кои ќе се продолжи традицијата на добрите меѓусебни односи.
Подоцна, Градоначалникот и амбасадорот заедно ја посетија гимназијата “Гоце Делчев“ , чии ученици се дел од проектот за соработка меќу училишта од Куманово и Франција.

 

Врати се на врвот