Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Честитка на Градоначалникот Максим Димитриевски по повод 2 Август – Илинден

Почитувани сограѓани,
Нека ни е честит најголемиот македонски празник Денот на Републиката – Илинден! 🇲🇰
Денешниот ден, 2 Август е силен потсетник за поставувањето на темелите на современата македонска држава, но и за почит кон сите оние што се бореле за Македонија, со своите дела, подвизи, трајно вградувајќи се во државноста.
Илинден е светол македонски празник и како никогаш досега важно е да ја знаеме и почитуваме својата македонска историја. На 2 Август во 1903 започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано првото заседание на АСНОМ. Денеска, нашата задача, обврска и аманет е сите заеднички да продолжиме по тој пат – да ја чуваме и да ја развиваме слободна и самостојна Македонија, на патот кон Европската Унија, но искучиво како горди Македонци, со своја македонска историја, македонски јазик и македонски идентитет!
Да го почитуваме и празнуваме овој голем македонски празник, да ја славиме македонската историја, да се грижиме за нашите граѓани да имаат подобар живот, да им овозможиме на младите поголеми шанси за напредок и да вложуваме во нивната иднина. Само на овој начин ќе можеме да кажеме дека сме успеале!
До сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрена честитка и за големиот верски празник, во чест на пророкот Св. Илија.
Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст