Честитка од градоначалникот на Куманово по повод Велигден

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Почитувани сограѓани,

Во овие денови кога ги празнуваме највисоките христијански вредности, сакам во свое име и во името на општинската администрација да Ви посакам добро здравје, мир и благосостојба. Посакувам Велигден да го поминете во радост и добри дела во кругот на Вашите семејства.
По патот на истрајноста и посветеноста, со меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме просперитетно општество.

За многу години Воскресение Христово – Велигден.

Врати се на врвот
Големина на фонт