Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Четириесет и прва седница на Советот на Општина Куманово

На 27 мај 2020 година (среда), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи четириесет и прва седица на советот на Општина Куманово.

 

Дневен ред

  • Усвојување на записниците од Триесет и деветтата, Четириесеттата, Третата вонредна и Четвртата вонредна седница на Советот на Општина Куманово

 

  1. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2019 година;
  2. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2019 година;
  3. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2020 година;
  4. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019 година;
  5. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019 година;
  6. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;
  7. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2019 – 31.12.2019 година;
  8. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2019 година;
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2019 година;
  11. Информација за утврдување на претрпена материјална штета на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово во периодот на ненаплаќање на услуги за паркирање;
  12. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;
  13. Информација за начин на работење на ЈП „Пазаришта“ – Куманово во време на вонредна состојба со анализа на параметри за утврдување на претрпена материјална штета;
  14. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2019 година;
  15. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2019 година;
  16. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2019 година;
  17. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
  18. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
  19. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за измена на Одлуката за определување на пазарни денови;
  20. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на работно време на зелените пазари во Куманово и на пазарот за продажба на добиток;
  21. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата, што паѓа на товар на родителите;
  22. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
  23. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2021 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
  24. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година со финансов извештај;
  25. Предлог – Одлука за начин на користење на тениски терен „23-ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2020 година;
  26. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2020 година;
  27. Буџетски календар;
  28. Информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2019 година.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт