Јавен оглас за вклучување на невработени лица во Програмата Општинско – корисна работа

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Куманово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Локална Прегратка“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Долгорочно невработени лица ( над 12 месеци во евиденција);

– Млади невработени лица до 29 година;

– Родители на деца со пречки во развојот;

– Самохрани родители како и

– Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  1. Работно место: Музички аниматор во дневните центри ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината.

Потребни квалификации: ВСС- Професор по музичко образование, Професор по одделенска настава или ССС и искуство во естрада, културно – уметничко здружение или слично

  1. Работно место: Музичко – ритмички логопед во дневните центри ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината.

Потребни квалификации: ВСС- Логопед, Педагог, Психолог, Професор по одделенска настава, Професор по музичко образование или слично

  1. Работно место: Спортски тренер во дневните центри ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината.

Потребни квалификации: ВСС- Факултет за физичко образование, Факултет за физичко образование, спорт и здравје или ССС- Училиште за физичка култура;

  1. Работно место: Моделатор на групни активности во дневните центри ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината.

Потребни квалификации: ВСС – Социјален работник, Дефектолог, Педагог, Психолог, Професор по одделенска настава и слично;

  1. Работно место: Координатор за родители во дневните центри ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината.

Потребни квалификации: Родител на лице со попреченост или ВСС- Социјален работник, Педагог, Дефектолог, Психолог и слично;

  1. Работно место: Образовен асистент на ученик со попреченост вклучен во инклузивно образование.

Потребни квалификации: ВСС- Професор по одделенска настава или Педагог, Психолог, Дефектолог (Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост);

  1. Работно место: Образовен асистент на ученик со попреченост вклучен во инклузивно образование .

  1. Работно место: Асистент за стари и изнемоштени лица за помош и поддршка на стари и изнемоштени лица во домашни услови.

Потребни квалификации: ВСС – Социјален работник, Психолог и слично; Лица кои имаат поминато обука за нега на стари лица; ССС – медицинска сестра, физиотерапевт; Самохрани родители;

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 01.08.2018  година до 14.08.2018  година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Куманово и избраните кандидати. Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Куманово кај лицето Тања Стефановска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Благица Јовановиќ,  Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

 Во врска со Јавниот Оглас распишан од страна на Општина Куманово и Агенција за вработување на Република Македонија

на ден 01.08.2018 заради  пријавување за работно ангажирање во Проектот

,,Локална прегратка“ кој е дел од Програмата Општинско корисна работа

Број на предвидени вработувања со програмата- 20

Работодавач- Општина Куманово

Општински проектен координатор: Тања Стефановска

Телефон: 031 438 633;  078/ 208 824

E-mail адреса: [email protected]

Веб страна: www.kumanovo.gov.mk

Проектот  ,,Локална прегратка“  ќе се реализира во рамки на Програмата Општинско- корисна работа – 2018 која  има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање со скратено работно време – 20 работни часа неделно, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Месечниот надомест ќе изнесува 9.000,оо денари за лице, со вклучени персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување ( доколку лицето е корисник на социјална парична помош, за времетраење на работниот ангажман, правото ќе му биде активно). Програмата Општинско-корисна работа, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера  да им помогне на  лицата кои живеат на територијата на локалната самоуправа.

  1. Целни групи на невработени лица кои можат да се ангажираат во проектот се :

1.1. Долгорочно невработени лица ( над 12 месеци во евиденција на АВРМ);

1.2. Млади невработени лица до 29 години, евидентирани во АВРМ;

1.3. Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност;

1.4. Самохрани родители;

 1.3. Родители на деца со пречки во развојот.

Истите треба да се претходно евидентирани во АВРМ Центар за вработување-Куманово на листа на активни баратели на работа.

  1. Корисници на услугите на овој проект се три целни групи и тоа:

2.1. Прва целна група – корисници на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост, кои се наоѓаат на територија на општина Куманово и тоа: ДЦ „Порака Наша“ Куманово и ДЦ – МТСП Куманово

2.2. Втора целна група – ученици со попреченост вклучени во редовното инклузивно образование во ООУ „11 Октомври„ Куманово, ООУ „ Кочо Рацин“ Куманово, ООУ „Магдалена Антова“ Куманово, ООУ „ Толи Зордумис“ Куманово, ООУ „Наим Фрашери“ Куманово и ООУ „ Христијан Карпош“ Куманово;

2.3.  Трета целна група – стари и изнемоштени лица на коишто им е потребна помош и поддршка во домашни услови

  1. Програмата за ОКР- 2018 на Општина Куманово ,, Локална прегратка“ е составена  од  три  проектни  идеи  и тоа:

Првата проектна идеја се однесува на целната група –  корисници на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост ( ДЦ „Порака Наша“ Куманово и ДЦ – МТСП-Куманово). Со истата имаме за цел преку менторска работа, односно поединечно школување, дневните центри да станат место кадешто освен стекнување на одредени основни вештини за осамостојување ќе се даваат и услуги во вид на едукација, работно ангажирање, развивање на вештини според личните афинитети и инклузија преку спорт. За реализација на оваа проектна идеја ќе бидат ангажирани 6 (шест) невработени лица.

3.1.2. Втората проектна идеја се однесува на целната група – ученици со попреченост вклучени во редовното инклузивно образование, а со истата имаме за цел преку ангажирање на образовни асистенти, на учениците да им пружиме поддршка и воедно овозможиме вистинска инклузија во образовниот процес преку асистирана помош во совладување на наставната содржина. За реализација на оваа проектна идеја ќе бидат ангажирани 10 (десет) невработени лица.

3.1.3. Третата проектна идеја се однесува на целната група –стари и изнемоштени лица, а со истата имаме за цел преку развивање на формата Сервис за стари лица во домашни услови, да им пружиме психолошка и социјална поддршка како и помош при извршување на секојдневни обврски на старите и изнемоштени лица и организирање на поквалитетно структуирање на времето кои водат кон унапредување на квалитетот на нивниот живот и развој на чувството за припадност во заедницата. За реализација на оваа проектна идеја ќе бидат ангажирани 4 ( четири) невработени лица во улога на Асистенти за стари и изнемоштени лица..

01.08.2018 година

Куманово

                                                                         Општинска Комисија за следење на проектот

Врати се на врвот
Големина на фонт