Јавен оглас

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Куманово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:

Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Продолжено – Моќно образовно партнерство” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година;
– Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
– Родители на деца со пречки во развојот.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– работно место: Пејач во проектниот Тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината
Потребни квалификации: ВСС- Факултет од област на уметност (Професор по музичко образование, Драмски актер, Професор по одделенска настава и слично) или ССС и искуство на естрада, во културно-уметничко здружение, или слично
– работно место: Инструментален аниматор на проектниот Тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината
Потребни квалификации: ВСС- Факултет од област на уметност (Професор по музичко образование, Драмски актер, Професор по одделенска настава и слично) или ССС и искуство на естрада, во културно-уметничко здружение, или слично
– работно место: Музичко-ритмички логопед во проектниот Тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината
Потребни квалификации: ВСС- (Логопед, Професор по музичко образование, Педагог, Психолог, Професор по одделенска настава или слично) или ССС и искуство на естрада, во културно – уметничко здружение или слично
– работно место: Учител во проектниот Тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината
Потребни квалификации: ВСС- Педагошки факултет или Филозофски факултет и слично

– работно место: Спортски тренер во проектниот Тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината
Потребни квалификации: ВСС- Факултет за физичко образование, спорт и здравје или ССС- Училиште за физичка култура;

– работно место: Координатор за родители во проектниот Тим ангажиран за работа во дневни центри за лица со интелектуална попреченост во општината
Потребни квалификации: ВСС- Социјален работник, Педагог, Психолог и слично или родител на лице со интелектуална попреченост (најмалку ССС)
– работно место: Образовен асистент на ученик со интелектуална попреченост вклучен во инклузивно образование
Потребни квалификации: ВСС- Дипломиран Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (Дефектолог), Социјален работник, Психолог и Професор по одделенска настава
– работно место: Образовен асистент на ученик со интелектуална попреченост вклучен во инклузивно образование
Потребни квалификации: ВСС- Дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (Дефектолог), Социјален работник, Психолог и Професор по одделенска настава
– работно место: Образовен асистент на ученик со интелектуална попреченост вклучен во инклузивно образование
Потребни квалификации: ВСС- Дипломиран Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (дефектолог), Социјален работник, Психолог и Професор по одделенска настава
– работно место: Образовен асистент на ученик со интелектуална попреченост вклучен во инклузивно образование
Потребни квалификации: ВСС- Дипломиран Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (Дефектолог), Социјален работник, Психолог и Професор по одделенска настава
– работно место: Образовен асистент на ученик со интелектуална попреченост вклучен во инклузивно образование
Потребни квалификации: ВСС- Дипломиран Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (Дефектолог), Социјален работник, Психолог и Професор по одделенска настава
– работно место: Образовен асистент на ученик со интелектуална попреченост вклучен во инклузивно образование
Потребни квалификации: ВСС- Дипломиран Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (Дефектолог), Социјален работник, Психолог и Професор по одделенска настава
– работно место: Образовен асистент на ученик со интелектуална попреченост вклучен во инклузивно образование
Потребни квалификации: ВСС- Дипломиран Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост (Дефектолог), Социјален работник, Психолог и Професор по одделенска настава

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Куманово кај лицето Тања Стефановска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Благица Јовановиќ, Центар за социјална работа Куманово кај лицето Димчо Јаневски.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
Во врска со Јавниот Оглас распишан од страна на Општина Куманово и Агенција за вработување на Република Македонија
на ден 14.09.2017 заради пријавување за работно ангажирање во Проектот
,,Продолжено – Моќно образовно партнерство“

Број на предвидени вработувања со програмата- 15
Работодавач- Општина Куманово
Општински координатор: Тања Стефановска
Телефон: 031 438 633; 078/ 208 824
E-mail адреса: [email protected]
Веб страна: www.kumanovo.gov.mk

Проектот ,,Продолжено – Моќно образовно партнерство“ ќе се реализира во рамки на Програмата Општинско- корисна работа – 2017 која има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање со скратено работно време – 20 работни часа неделно, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Месечниот надомест ќе изнесува 6.200,00 денари за лице, со вклучени персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување ( доколку лицето е корисник на социјална парична помош, за времетраење на работниот ангажман, правото ќе му биде активно). Програмата Општинско-корисна работа, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера да им помогне на лицата кои живеат на територијата на локалната самоуправа.
1. Целни групи на невработени лица кои можат да се ангажираат во проектот се :
1.1. Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година;
1.2. Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
1.3. Родители на деца со пречки во развојот;

Истите треба да се претходно заведени во АВРМ ЦВ-Куманово на листа на активни
баратели на работа.
2. Корисници на услугите на овој проект од ранливата категорија на граѓани се две целни групи и тоа :
2.1. Целна група – корисници на двата дневни центри во општината за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст и
2.2. Целна група – ученици со интелектуална попреченост вклучени во инклузивно образование во Општината;

3. Програмата за ОКР- 2017 на Општина Куманово ,, Продолжено – Моќно образовно партнерство“ се однесува на две категории на лица со интелектуална попреченост, со различни карактеристики и услови во кои живеат и функционираат ; затоа истата е составена и од две различни проектни идеи со посебни цели ;
3.1. Првата проектна идеја или активност има за цел :
– Воведената можност ( преку ОКР 2016) за „поединечно школување“ (менторство) во рамки на дневните центри, преку којашто дневните центри станаа место за стекнување и на образовни услуги со поквалитетно структуирање на времето во текот на денот, ќе ја продолжиме и со оваа Програма ОКР 2017, со оглед дека самата природа и суштина на секој образовен процес е со долгорочен карактер;
3.2. Втората проектна идеја или активност има за цел :
– Воведената категорија ( преку ОКР 2016) „ педагошки асистент“ во редовниот образовен процес, со која им беа овозможени услови за вистинска инклузија на три ученици со интелектуална попреченост во ООУ „ 11 Октомври“ Куманово, ја продолживме и со оваа Програма ОКР 2017 со цел истите услови да им бидат овозможени на што поголем број на ученици а по можност и во друго училиште, овојпат со изменет термин „Образовен асистент“. Годинава со Програмата ОКР 2017, ќе бидат опфатени седум ученици со интелектуална попреченост во две основни училишта и тоа: ООУ„11 Октомври“ и ООУ „ Кочо Рацин“ Куманово.