Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа СДЦ Компонента

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Куманово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 02.06.2022 година објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа СДЦ Компонента

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица, кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата Општинско-корисна работа, проект “Креирање можности за работа за сите 2”  за работно ангажирање со скратено работно време од 3 (три) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување -Центар за вработување Куманово .

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува 3 месеци  работен ангажман.

Евидентираните невработени лица, кои ќе бидат вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 (дваесет) работни часови неделно. Работниот ангажман на лицата вклучени во Програмата е со времетраење од 3 (три )месеци/ и за време на 3(трите) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно претходно оствареното право.

Право на учество во Програмата Општинско-корисна работа имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на работниот ангажман со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-лица припадници на ромската етничка заедница

– жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етнички заедници

-млади лица до 29 години

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

-лица постари од 50 години

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-самохрани родители

-родители на деца со попреченост во развојот

-родители на 3 и повеќе деца

-лица со незавршено средно или пониско образование.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– 4 (четири) – АСИСТЕНТИ ангажирани за  услуги за стари и изнемоштени лица Роми.

– 2 (два) – Фасилитатори кои ќе имаат надлежности за информирање, советување и мапирање на ранливи категории на граѓани за пристап до услуги за проблемите и потребите на маргинализираните групи на граѓани во Општина Куманово.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: -АСИСТЕНТИ – ангажирани за  услуги  за стари и изнемоштени лица Роми

Позиции за работно место 1: 4 (ЧЕТИРИ) АСИСТЕНТИ  за набавка на продукти на храна за домаќинство, набавка на лекови, одржување на лична хигиена и хигиена во домот, обврски околу плаќање на режиски трошоци, посета на лекар и др.

Потребни квалификации и занимања за работно место 1: Кандидатите да имаат минимум средно образование, да поседуваат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која ќе ја испорачуваат.

Работно место 2: ФАСИЛИТАТОРИ надлежности за информирање,советување и мапирање

Позиции за работно место 2:  2 (ДВА) – ќе бидат вклучени во Програмата со надлежности за информирање, советување и мапирање  на ранливи категории на граѓани за пристап до услуги за  проблемите и потребите на маргинализираните групи на граѓани во Општина Куманово),

Потребни квалификации и занимања за работно место 2: Фасилитатори да имаат минимум средно образование , добро познавање на теренот , комуникациски вештини и познавање на ромскиот јазик .

 

Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата Општинско-корисна работа можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување- Куманово во периодот од 02.06.2022  до  07.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина  Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата Општинско-корисна работа можат да се добијат во Општина Куманово- лице за контакт е Ахмет Јашаровски, општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа СДЦ компонента, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово – лице за контакт Благица Јовановиќ, Меѓуопштински центар за социјални работи –Куманово-  лице за контакт  Ремзије Муслиевска.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст