Јавна покана за поднесување на даночна пријава

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на член 29 став 1 од Законот за даноците на имот имот Законот за даноците на („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16) и член 3 став 1 точка 1 од Законот за комуналните такси („Сл. весник на РМ„ бр. 61/04, 64/05, 92/07, 123/12, 154/15, 192/15 и 23/16), Општината Куманово истакнува;

Ј А В Н А П О К А Н А

За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2019 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за 2019 година.
Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2019 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:

1. Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2018 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)
2. Имотот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.).
3. Имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.)
4. Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2018 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.
Даночна пријава се поднесува до Општината Куманово – Сектор за даноци и такси на чие подрачје се наоѓа имотот најдоцна до 31 јануари 2019 година.
Напомена: Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2018 година а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува даночна пријава.
Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноците на имот.
Пријавата за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правните лица) и тоа за:
1. Регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за обавување на соодветна дејност кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.
2. Таксените обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.

Сектор за даноци и такси
ОПШТИНА КУМАНОВО

Врати се на врвот
Големина на фонт