Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавна презентација на Нацрт план за одржлива урбана мобилност на општина Куманово за период 2020-2030 година

Денеска во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации се одржа јавна презентација на Нацрт планот за одржлива урбана мобилност на општина Куманово за период 2020-2030 година, од страна на членовите на координативното тело за координација, изготвување и ревизија на овој План. Целта е промовирање на препораки, заклучоци, мислења и предлози за овој значаен документ, кој ќе биде движечка сила за нови и иновативни проекти за подобрување и усовршување на урбаната мобилност во општината. Свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски, раководителот на Координативното тело на ПОУМ Емилија Сларидис Јаневска и проф. д-р Јасмина Буневска Талевска од Универзитетот Св.Климент Охридски, Технички факултет-Битола.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст