Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Врз основа на член 84 и член 86 од Закон за општата управна постапка (Сл.весник на РМ ,бр.145 ),Општина Куманово истакнува:

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ЈАВЕН ПОВИК

 Општина Куманово ги  информира граѓаните дека согласно Законот за даноци на имот започна со дистрибуција на  Решенијата за данок на имот за правни и физички лица и комунална такса – фирмарина за 2021 година  преку Македонска пошта .

Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои се сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот, а кои на својата адреса нема да добијат Решение за данок на имот или Решение за комунална такса-фирмарина за 2021 година, се повикуваат да се обратат во просториите на општина Куманово – Сектор за даноци и такси во најбрз можен рок.

Општина Куманово апелира до сите граѓани и фирми совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на данок на имот и истовремено ги повикува сите граѓани, односно сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот да го пријават или одјават имотот што е предмет на оданочување.

Секој корисник или сопственик на имот кој се оданочува е обврзан во рок од 15 дена од момент на стекнување на имотот, односно од добивање на употребна дозвола или впишување во Агенција за катастар на недвижности да го пријави во општина Куманово, Сектор за даноци и такси. Доколку не го пријави, општина Куманово ќе постапува согласно законските надлежности.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст