Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар во посета на Општина Куманово


Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Самуел Жбогар, денеска беше во работна посета на Општина Куманово, каде што се сретна со Градоначалникот Зоран Дамјановски. На средбата беше разговарано за повеќе прашања како канализациониот систем, водоснабдувањето, економските проблеми и општо проблемите со кои се соочуваат локалните заедници.