Амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние во посета на Општина Куманово


Амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбор Адеми и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска беа во протокуларна посета на Општина Куманово. По официјалниот дел се одржа и средба со професорите и учениците од билингвалните паралелки од Гимназијата “Гоце Делчев“. Воедно беше одржана и презентациоја на проектот за инфраструктура во градот, финансиран од предпристапните фондови. Во програмата за посета беше и изложбата на икони во црквата “СВ. Никола“ во Куманово.