Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Барање за услугa Независен тренер за обезбедување на обуки за Претприемништво и социјално претприемништво

Позадина

Општина Куманово, во партнерство со Општина Гњилане, од 08/01/2018, го имплементира проектот „Одржлив пазар за свежи земјоделски производи во прекугранична област во Општина Гњилане и Општина Куманово“. Проектот се имплементира во рамки на програмата: Cross-Border Cooperation Program Kosovo * – Republic of North Macedonia –  број на договор 2017/394-657.

Главната цел на проектот е: Зголемување на продажбата и профитот на свежи земјоделски производи во Општина Гњилане и Општина Куманово преку организирање на напредни зелени пазарипреку две специфични цели:

  • Унапредување и подобрување на квалитетот на пазарот на свежи производи за локалните земјоделци;
  • Брендирање на локални производи преку обуки и легализација на бизнисот на фармерите за полесна продажба;

 

Предложената акција преку свои активности ќе ги рационализира локалните производители кои ќе имаат повеќедимензионален ефект во областа. Покрај општините Куманово и Гњилане се опфатени  и општините: Витина, Новобердо, Партеш, Клокот, Ранилук и Каменица од една страна и Липково, Илинден, Арачиново, Свети Николе, Петровец, Старо Нагоричане и Кратово од друга страна. Сите локални производители ќе имаат можност да соработуваат едни со други, како и со преработувачите.

 

Земјоделците ќе бидат информирани и ќе имаат можност за бенефит од оваа акција, реконструираниот пазар на свежи производи ќе биде на располагање за сите локални земјоделци, мобилните пазари на свежи производи ќе бидат отворени во одредени денови и одредени места за граѓаните на општините да можат во секое време да располагаат со свежи производи, формализираните бизниси ќе имаат можност да создадат деловни односи со трговците на мало, обучените фармери ќе ги класираат своите производи и пристапот до пазарот ќе биде поорганизиран, бидејќи високиот квалитет може да се продава на пазарот. Од друга страна, останатите класи ќе бидат испорачани на преработувачи на овошје и зеленчук, организираните прекугранични недели ќе ја зголемат продажбата, а прекуграничните состаноци со земјоделците ќе придонесат за подобро организирање на свежи производи меѓусебно и последно, но не најмалку важно размена на искуства меѓу земјоделците од двете земји.

Иако, областа каде што ќе се спроведува проектот се Општина Гњилане и Општина Куманово, исто така корисници ќе бидат и соседните општини, како:Витина, Новобердо, Партеш, Клокот, Ранилук и Каменица од една страна и Липково, Илинден, Арачиново, Свети Николе, Петровец, Старо Нагоричане и Кратово од друга страна, со вкупна популација од две страни  385.500 кои ќе имаат корист преку предложената акција. Имајќи во предвид дека повеќето од земјоделците се карактеризираат со мали фарми и некои трговски друштва кои се соочуваат со потешкотии во материјализирање на нивните свежи производи поради тешкотиите при пласман на пазарот на свежи производи, поради тоа потребите се идентификуваат преку редовни состаноци меѓу малите земјоделци и одделенијата за земјоделство, како резултат на тоа, најдобриот мултиплеерски ефект кој може да придонесе кон крајните корисници е преку предложената акција.

 

Опис на задачата

 

  • Обуки за 50 земјоделци за претприемништво и социјално претприемништво.

 

Обуките за претприемништво ќе бидат организирани во Општина Гњилане во кохезија со правото на земјата, со цел да бидат практични за земјоделците кои ќе управуваат со било каков бизнис. Покрај тоа, главниот фокус ќе биде користење на финансиски обрасци за да се најде најпрактичниот начин за идентификување на губиток и профит, како да се напише едноставен бизнис план за мали фарми, еден на еден консултација во врска со конкретниот бизнис, создавање деловен однос со други бизниси, запознавање со државните закони за претпријатие и сертификат за присуство на таква обука.

 

Другиот модул што ќе биде од голема важност е социјалното претприемништво, кое ќе вклучува запознавање со социјалното претпријатие, придобивки од засновање социјално претпријатие, соработка помеѓу земјоделците за севкупните придобивки и придонесот кон животната средина. Преку оваа програма ќе се презентира можноста за намалување на трошоците на заедницата на фармерите, како и да се придонесе за зголемување на вработеноста. Сесиите за обука ќе бидат во координација со законите што се во сила во репрезентативната земја.

Задачи и одговорности

Задачите ќе вклучат  обуки на следниве теми:

Временска рамка
Обука за Претприемништво 10 дена мај 2019
 

Обука за Социјални Препријатија

 

10 дена

 

мај – јуни 2019

     
Вкупен број 20 дена мај – јуни 2019

 

Одговорности на обучувачот:                                                                                          

  • Да се изгради и да се подготви програма и работна методологија;
  • Подготовка на план за сесија не подоцна од 3 дена пред обуката и да се достави со сите придружни материјали на проект менаџерот;
  • Подготовка на завршен извештај и да се достави до проект менаџерот не подоцна од 5 дена по завршување на обуката;
  • На креативен начин да се пренесе знаењето на учесниците;
  • Да се поттикне активно учество и да се охрабрат учесниците;
  • Евалуација со координаторот на проектот после обуките.

Потребни квалификации

Експертот треба да ги поседува следниве квалификации:  

  • Универзитетска диплома (VII);
  • Најмалку 8 годишно искуство во: фасцилитирање, обуки и работилници;
  • Да има познавања и искуство на темата на обуката;
  • Способност за работа со луѓе од различна националност, религија и културно потекло;
  • Развиен едукативен пристап базиран на принципите и вредностите на неформално образование;
  • Одлични писмени и усмени комуникациски способности на Англиски јазик;
  • Одлични организациски вештини, докажани комуникациски и презентациски вештини и способност за работа во средина која бара поврзување и соработка со повеќе актери вклучувајќи различни заинтересирани страни.

Време и Локациај

Обуки за: Претприемништво и Социјално Претприемништво ќе се реализираат во мај 2019 год.

Локација на обуките: Општина Гњилане – Косово.

 

Сите заинтересирани кандидати треба да достават Биографија и Мотивационо писмо на следнава адреса: cbcgjilan_kumanovo@yahoo.com

 

Краен рок за поднесување на документи е  24/04/2019

Контакт:

Мануела Тасевска – Проектен менаџер тел: 078 238 944

 Барање за услугa Независен тренер за обезбедување на обуки за Претприемништво и социјално претприемништво (Англиска верзија)

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст