Боксерските легенди на прием кај Градоначалникот Зоран Дамјановски


Денеска на прием кај Градоначалникот Зоран Дамјановски беа боксерските легенди освојувачи на олимписки и светски медали од земјава и регионот. Поводот за ваквата средба е одбележување на 70 – години од формирањето на боксерскиот клуб “Куманово„. По приемот заедно со градоначалнокот имаа заеднички ручек, на кој се разговараше за боксерските успеси и спортска промоција на Куманово низ годините.