Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во понеделник и вторник ќе се изврши дезинсекција против крлежи

На 24 и 25 август (понедлник и вторник) на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Дезинсекцијата ќе биде спроведена на  јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Целта на овој третман  е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст