Во Понеделник третирање против крлежи


На ден 22.08.2016 (понеделник) и 23.08.2016, зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите. Цел на ваквиот третман е спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман.