Во среда и четврток прскање против крлежи на територија на Општина Куманово


На ден 29.06.2016 и 30.06.2016, зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите. Цел на ваквиот третман е спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман.