Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во четврток и петок прскање против крлежи на територија на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На 10.05.2018 и 11.05.2018 година (четврток и петок), зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот како мерка за борба против крлежи. Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува  подолг престој на третираните површини како за луѓе, така и за  животни, особено во периодот непосредно  по извршениот третман.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст