Второ прскање против комарци на територија на Општина Куманово


На ден 12.07.2016 година (вторник) во градското подрачје на Општина Куманово во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци. Им се препорачува на пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради лоши временски услови, истото се одложува за наредниот ден.