Делегации на Марибор и Нови сад во посета на Општина Куманово


По повод Ден на Град Куманово во посета на Општина Куманово беа градоначалникот на Марибор Андреј Фриштравец и заменик-градоначалникот на Нови Сад Срѓан Кружевиќ. Во присуство на амбасадорите на двете држави беше потпишан трипатиден договор со кој се продлабочува заемната соработка во областа на општествениот живот, инфраструктурата, образованието, социјалниот живот, културата, спортот помеѓу општините.

По потпишувањето на договорот, делегациите со градоначалникот Дамјановски присуствуваа на натпреварот во пливање на Градскиот Базен, што беше добра можност пред гостите да биде представен овој новоизграден спортски објект.