Дератизација во Куманово


Во понеделник и вторник (3 и 4 октомври 2016 год.) ќе се врши дератизација против глувци на територија на Општина Куманово. Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае два дена.