Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дератизација на територијата на општина Куманово

Наредната недела, поточно на 11.09.2019(среда),12.09.2019(четврток) и 13.09.2019 година (петок), ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на Општина Куманово. Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложено за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст