Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дератизација (третман против глодари) и дезинсекција против црна бубашваба на територија на општина Куманово

На 27.04.2022 година (среда), 28.04.2022 година (четврток) и 29.04.2022 година (петок) ќе се изврши дератизација (третман против глодари) и дезинсекција на шахти против црна бубашваба на територијата на општина Куманово. Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа и спреирање на отвори на шахти против бубашваба, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и резидуален инсектицид од група на синтетички пиретроиди и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст