Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Детска ликовна колонија Пчиња 2022

Денеска во училишниот двор на подрачното училиште на ООУ “Браќа Миладиновци” во с.Пчиња беше отворена Детската ликовна колонија Пчиња 2022, организирана од Хуманитарно здружение “Мајка” и Здружение на жени “Коло на српските сестри” во соработка со ова  подрачно училиште, финансиски поддржана од Општина Куманово преку Програмата за културни манифестации на Општината за 2022 година. На културниот настан учествуваа ученици од општинските основни училишта: “Браќа Миладиновци”, “Крсте Мисирков”, “Кочо Рацин” и “Христијан Карпош”, кои твореа на тема “Убавините на реката Пчиња и Бислимската клисура”. Ликовната колонија ја отвори претседателката на Совет на Општина Куманово, Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст