Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски: Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По одлуката на Регулаторната комисија  да се зголеми цената на суровата вода за четири денари по кубик, градоначалникот Максим Димитриевски изјави :

„Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода, цените на рекулаторната комисија се нереални,неиздржани и несоодветни.
Водостопанство ни должи премногу, време е да ни го врати нашетo”.

Со новите цени граѓаните би требало да плаќаат по 47,35 денари за кубик вода за домаќинствата, односно 55,54 денари за претпријатијата.

Исто така и од Јавното претпријатие „Водовод“ се незадоволно од ваквата одлука и најавуваат тужба пред Уставниот суд против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст