Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени договори на образовни асистенти на проектот “Моќта на децата”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска додели договори на 17 образовни асистенти, ангажирани на проектот Моќта на децата, од програмата Општинско-корисна работа, која е составен дел од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот донесен од страна на Владата на РСМ. Образовните асистенти услугата за помош и поддршка на ученици со попреченост ќе ја спроведуваат во седум општински основни и средни училишта.  Целта е да се унапреди системот за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Програмата е финансирана од АВРСМ и општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст