Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени награди одконкурсот на on line книжевната школа “Кумановско тинејџ перо 2021”

Од почетокот на април до крајот на месец мај се одржаon lineкнижевна школа“Кумановско тинејџ перо 2021”, предводена и реализирана од страна на проф. д-рпофилолошкинауки и професорпокнижевностнаФилолошкиотфакултет „БлажеКонески“-Скопје, Венко Андоновски, која во Куманово се одржува по вторпат. Во рамките на оваа школа се одржанаграден конкурс, на кој учествуваа 60 ученици од сите средни училишта во Куманово, Кратово и Крива Паланка, кои се натпреваруваа во 4 категории:уметничка проза, есеј, поезија и драма.

Денеска под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово, а во соработка со Фондација за култура и спорт, во Занаетчискиот дом Куманово беа доделени награди на 28 ученици, кои се истакнале како најкреативни. Наградите се изразени во 3 степени:златно перо, сребрено перо и перо книжевна надеж.

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски упати честитки на сите наградени ученици и на сите учесници, кои се пријавија на конкурсот и го покажаа својот талент за пишување, истакнувајќи оваа книжевна школа да им биде поучна лекцијаи поттик за правилно литературно изразување, каде ќе го формираат својот стил и начин на пишување.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст