Донација од Германска Амбасада за СОУ „Перо Наков“


Амбасадор на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер,Градоначалникот Зоран Дамјановски и Лидија Тасевска, директор на училиштето „Перо Наков“, потпишаа договор за финансирање на опрема за кабинет по моден дизајн во висина од 3.687,- евра.
Текстилната и чевларската индустрија имаат долга традиција во Куманово, а опремата на училницата за моден дизајн претставува поддршка за подобра квалификација во струката на учениците од училиштето „Перо Наков“.
Германската поддршка е дел од средствата на Сојузното министерство за економска соработка и развој со кои се поддржуваат мали проекти во рамките на техничката соработка.
germanska ambasada 2

germanska ambasada

germanska ambasada 1