Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Информации за заштита на животната средина и природата

Апелираме до сите граѓани да ја чуваат животната  средина, а доколку имаат материјали, (видео,слики) во врска со загадување на животната средина, може да ги испраќаат на официјалниот е-маил адреса на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат на Општина Куманово- inspekcija@kumanovo.gov.mk и на телефонскиот број 191. А на телефонскиот број 192 да пријават возила кои оставаат впечаток дека не ги задовуваат основните стандарди за емисија на загадувачки материи во воздухот.

Се информираат правните и физичките лица дека користењето на несоодветни и опасни материјали ( гуми, пластика, делови од мебел и др.материјали премачкани со боја и лепило, отпадно масло од автомобили и слично) за греење во домакинствата и индустријата е забрането.

Се информираат  правните и физичките лица дека палењето оган на отворено, палењето контејнери или стрништа е забрането.

Индивидуалните домаќинства и домаќинствата во колективни и станбени згради преку заедницата на станари, како и јавните установи се должни да вршат редовно чистење на оџаците и озеленување на дворни места.

И З В Е Ш Т А Ј за примена на Аеросолната метода за подобрување на квалитетот на воздухот во Градот Куманово

Препораки до граѓаните во услови на зголемена загаденост на воздухот:

  • Возилата да не се користат без потреба
  • Повеќе лица да се возат во едно возило
  • Да се користи јавниот превоз
  • За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали,прегорено машинско масло,лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор,ПЕТ амбалажа,гуми и каков било синтетички материјал
  • Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од одпадоци
  • Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатството на производителот
  • Редовно чистење на оџаците
  • Во случај на екстремно загадување ( поминување на прагот на алармирање) најавено од општината, им се препорачува на граѓаните да осатнат во своите домови.

Вонредни мерки кои се превземаат од страна на Општина Куманово:

  • Воведување на двосменска работа на инспекциските служби во Општина Куманово
  • Субвенционирање на нови приклучоци за гасификација
  • Аеросолизација
  • Зачестено машинско миење и чистење на улици и тротоари
  • Зголемен инспекциски надзор на А и Б-ИСКЗ инсталации и градилишта
  • Зголемени инспекциски контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла
  • Рационално загревање на институции во надлежност на локалната самоуправа
  • Трибини,едукативни спотови и дополнителна настава за екологија во предучилишно и училишно образование
  • Користење на вода за намалување на прашина при градежни активности (прскање,миење гуми пред излез од градилиште итн.)
  • Откажување/Одложување на големи јавни собири,спортски настани и културни манифестации на отворено.

На следниов ЛИНК можете да ја превземете Програмата за заштита на животна средина за 2021 година.

На следниов ЛИНК можете да ја  превземете Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2021 година.

На следниов ЛИНК можете да видите повеќе за ЈАВНИОТ ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето за граѓаните на Општина Куманово за 2021 година

На следниов ЛИНК можете да видите повеќе за ЈАВНИОТ ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето за граѓаните на Општина Куманово за 2018 година

ПРОГРАМА ОД ОБЛАСТА НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА НА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА 2020 ГОДИНА ( превземете тука )

ПРОГРАМА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ПРИКЛУЧОК НА ГАСИФИКАЦИОНА МРЕЖА НА ПОДРАЧЈЕ НА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА 2020 ГОДИНА ( превземете тука )

ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМАза донесување на активности од областа на заштитата на животната средина
и природата на Општина Куманово за 2021 година (превземете тука)

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КУМАНОВO за период 2022-2026.

На следниов ЛИНК можете да ја преземете Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина
и природата на Општина Куманово за 2023 година

На следниов ЛИНК можете да ја превземете ПРОГРАМА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ПРИКЛУЧОК НА ГАСИФИКАЦИОНА МРЕЖА НА ПОДРАЧЈЕ НА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА 2023 ГОДИНА

На следниов ЛИНК можете да го превземете ПРАВИЛНИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ЗГРАДИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА 2023 ГОДИНА

На следниов ЛИНК можете да видите повеќе за ЈАВНИОТ ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето за граѓаните на Општина Куманово за 2023 година

 

 

 

 Квалитет на воздух во Куманово

 Временска прогноза

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст