Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна градбата на училишна спортска сала во село Черкези

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во ООУ „Јероним Де Рада„ беше означен стартот на градбата на училишнита спортска сала. На настанот присуствуваше  премиерот на Република Македонија, Зоран Заев,Заменик претседател на владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за внатреши работи Оливер Спасовски и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски. Салата ќе биде со површина од 650 метри квадратни, а ќе овозможи на околу 520 ученици да посетуваат часови за спортување и физичка активност.

Градоначалникот Димитриевски ја поздрави оваа инвестиција и истакна во своето обраќање дека последната капитална инвестиција во делот на образованието во Куманово датира од далечните осумдесетти години.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст