Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

За поубаво и почисто Куманово

По иницијатива на градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, а во организација на службеникот за млади од Општината, заедно со Здравствен дом-Куманово и ЈП “Чистота и зеленило” денеска беше спроведена акција за чистење и уредување на Амбулантата во нас. Гоце Делчев. Учествуваа и активисти и членови на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување “Хера”, младински центар “Сакам да знам”, млади членови на Совет на Општина Куманово и волонтери. Акцијата опфати чистење на смет и уредување на зеленилото, како и бојадисување на оградата на скалите и на фасадата. Целта на оваа акција е Амбулантата да го врати поранешниот сјај, но и да се подигне свеста на граѓаните и да се испрати апел до сите граѓани да не се уништува направеното, туку заедно да создаваме поубаво и почисто Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст