Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ за проект ReLOaD

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Почитувани,

Во врска со јавниот повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), би сакале да Ве информираме дека во наредниот период се предвидени менторски сесии од страна на консултантот за сите заинтересирани граѓански организации. Менторството ќе се врши во следниве денови:

9.11.2018 (петок);

16.11.2018 (петок);

22.11.2018 (четврток);

29.11.2018(чртврток);

Целта на менторството е преку консултации да се помогне со проверка дали проектите се подготвени согласно со насоките од јавниот повик и да се појаснат/дообјаснат некои работи кои можеби не биле покриени со обуките а кои Ви се неопходни за да го подготвите целосно проектот.
Рокот за пријавување е најмалку 3 дена пред секој менторски ден со нагласување точно кој ден сакате да присуствувате (може на повеќе од еден), на следниов меил: coki.ristovski@kumanovo.gov.mk. Пријавените организации дополнително ќе бидат информирани за место на одржување на менторските сесии. Времетраењето на средбите ќе зависи од бројот на пријавени организации.
Како што беше напоменато на обуките, потребно е да имате барем делумно напишани предлог проекти пред да сe видите со менторката.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст