Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување за јавна дебата со граѓански организации и фондации

Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со УНДП,
за  проектот “Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD
2)”, кој во наредните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија
и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, преку зајакнување на граѓанското општество
и младите. Целта е активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на
правното и финансиско опкружување за граѓанските организации (ГОи). Во рамки на
програмата Општината започна со реализација на активности.
Општина Куманово ги поканува  ГОи и фондации на јавна дебата, со цел разгледување
и утврдување на приоритети за претстојниот јавен повик. Дебатата ќе се одржи на
17.12.2021год.(петок), во кружна сала ( простории во поранешен Комитет), со почеток
во 11:00 часот.
На дебатата ќе се дискутира по следниве приоритети:

ПРИОРИТЕТНИ ОБЛАСТИ НА ОПШТИНА КУМАНОВО ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ RELOAD 2
1. Заштита на животна средина
1.1. Развој и поддршка на иновативни проекти со еколошки активизам за
зачувување и унапредување на животната околина, како и подигнување на
еколошката свест за превенција од загадување на воздухот и справување со
дивите депонии.
1.2. Иновативни идеи за подобрување на локалната заедница во областа на
енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија и иновaтивни
проектни активности за заштита од загадување преку примена на конкретни
еколошки мерки.

2. Социјална кохезија и намалување на сиромаштија

2.1. Поддршка на проекти и активности за подобрување на вештините и
способностите на невработените лица за вработување или самовработување
преку иновативни идеи за обуки, доквалификација и преквалификација и
нивно прилагодување кон потребите на пазарот на труд.
2.2. Примена на нови иновативни идеи и методи во процесот на развивање и
спроведување на социјални сервисни услуги заради зајакнување и

олеснување на животот на старите лица, лицата со попречености, особено на
децата со пречки во развојот.
2.3. Градење на родово перспективна заедница, со цел подобрување на
економската состојба на жените преку поддршка на проекти за: само-
вработување во областа на земјоделството, менторство и преку поттикнување
на женско претприемништво (особено кај жените од: рурални средини, од
ранливи категории и жените од ромска националност).
2.4. Проекти и активности за социјална инклузија на етнички групи, кои се
малцинство и ранливи категории на граѓани, особено лица со попреченост и
деца со потешкотии во развојот, со цел подобрување на квалитетот на
нивниот живот низ примена на нови иновативни идеи за учење и
унапредување на нивното ментално и физичко здравје, како и намалување на
проблемите од врсничко насилство и малолетнички бракови во рамките на
социјалната еднаквост .
3. Туризам и Култура
3.1. Зaчувување и унапредување на културните споменици и знаменитости, како
и зајакнување и унапредување на културните вредности и навики на граѓаните
на локално ниво низ нов социјален инклузивен пристап.
3.2. Примена на нови иновативни идеи во процесот на развој и унапредување на
туризмот, особено на рурален и алтернативен туризам, преку искористување
и промоција на културно-историското наследство, природните убавини и
реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда на локално
ниво.
4. Младински иницијативи
4.1. Проекти за поттикнување на младински активизам за решавање на
проблемите на младите во локалните средини и нивно прилагодување кон
општествените состојби во државата и локалната заедница.
4.2. Подигнување на капацитетите на младите за вработување и
самовработување.
4.3. Поттикнување на здрав живот и здрави навики кај младите преку спортски
активности.
4.4. Иницијативи за поттикнување на меѓуетничка толеранција и
мултикултурализам преку поттикнување на заеднички активности меѓу
различни етнички групи.
4.5. Активности за спречување на врсничко насилство.
4.6. Активности за поддршка на млади во рурални средини.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст