Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ од одржан осумдесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 03.08.2021 година (вторник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки со пожарите на територија на Општина Куманово и од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

ОШЗС Куманово врз основа на моменталната состојба во Општина Куманово се предлагаат следниве заклучоци:

  • ОШЗС предлага на Градоначалникот да се набават 20 напретњачи кои ќе се користат за справување со пожарите;
  • Апел до граѓаните да ги почитуваат забраните за движење во шума од 06:00 до 20:00 часот, а доколку има потреба граѓаните треба да извадат дозвола во ЈП Македонски шуми.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст