Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изложбата на фотографии од старо Куманово во Занаетчиски Дом Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Куманово е град во кој живее културата. Преку неа твориме, комуницираме, се разбираме меѓусебно. Денес во Занаетчиски Дом Куманово беше отворена изложба на слики од старо Куманово организирана од Фондацијата за култура и спорт Куманово,под покровителство на Градоначалник и Совет на општина Куманово, во рамки на одбележување на празникот 11 Октомври.

Целта на оваа изложба е да им се долови на луѓето естетиката на градот, архитектурата, занаетите, културата и тогашното урбано живеење во 20 век. Поради развојот на градот и новата архитектура, поголем број од објектите кои се одлика за Куманово повеќе не постојат. Изложбата ја отвори Градоначалникот Максим Димитриевски, а на изложбата присуствуваше и Претседателот на Совет на општина Куманово Атина Мургашанска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст