Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изложба на фотографии на тема од Народноослободителната војна

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Вечерва во Занаетчиски дом-Куманово се одржа уште еден културен настан, во чест на 11 Ноември, Ден на ослободување на Куманово. Изложбата на фотографии на тема од Народноослободителнатавојна е во организација на Фондација за култура и спорт со историското одделение при НУ МузејКуманово. Присутните имаа можност да видат ретки и уникатни фотографии од Денот на ослободување на нашиот град, формирање на познатите кумановски бригади, на народните херои, кои ја донесоа долгоочекуваната слобода на Куманово. Изложбата ја отвори Виктор Божурски, директор на Фондација за култура и спорт-Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст