Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ  

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

ОПШТИНА КУМАНОВО

 ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

 Врз основа на член 11,  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018),Секретарот на Општина Куманово, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2018

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК  

Се распишува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службениик за работното место:

  1. Шифра: УПР 01 01 Б04 000

Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај

Назив на одделение: Одделение за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај

Назив на сектор: Сектор за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на   животната средина и природата

Број на извршители: 1

Посебни услови:
–    ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Студии по Архитектура, урбанизам и планирање или градежништво и водостопанство  или правни науки
–    работно искуство, и тоа:
–    најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

 Посебни работни компетенции:

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:

– неделно работно време: од понеделник до петок;

– работни часови неделно: 40

– работно време: почеток на работно време од8:00часот и завршеток на истото во 16:00 часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.302,00 денари

 Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас  треба да ги исполнуваат следните

Општи услови:
–    да е државјанин на Република Македонија;
–    активно да го користи македонскиот јазик;
–    да е полнолетен;
–    да има општа здравствена способност за работното место и
–    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Куманово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Куманово, при што административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

–    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
–    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
–    да поминал најмалку две години на тековното работно место и
–    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат пријава (Превземете тука) на службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси hr.opstinakumanovo@kumanovo.gov.mk

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Куманово, да ги достават до Одделението за управување со човечки ресурси.

Кон пријавата кандидатот може да приложи:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Напомена:  Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

 

 

 

                                                                             Секретар на Општина Куманово

                                                                                            Десанка Стошевска

 

                                                                                                                                  ___________________

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст