КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА СО МОТИВИ ОД КУМАНОВО – „ Мое Куманово“


Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово за 2016 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 02/16 и 04/16) Општина Kуманово објавува:

КОНКУРС
ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА СО МОТИВИ ОД КУМАНОВО – „ Мое Куманово“
Општина Куманово распишува конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од општината. Испратените фотографии ќе бидат искористени за промоција на Oпштина Куманово.
Општина Куманово ги поканува сите заинтересирани професионалци и аматери да се пријават со свои авторски фотографии согласно утврдените критериуми.
Kритериумите за учество се следни:

1. Мотивите на фотографиите да бидат од Општина Куманово (панорамски фотографии, ноќна фотографија од Куманово, знаменитости, занаетчиство, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани итн). Ќе се оценуваат фотографии снимени само на територија на Општина Куманово;
2. Фотографиите кои ќе се доставуваат во дигитална форма, треба да се достават на ЦД, да бидат со димензија 1920 х 1080 pixels на 300 dpi и да содржат наслов на фотографија. Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на авторот.
Фотографиите кои ќе се доставуваат во принтана форма, треба да бидат со следните димензии: најмал формат 30х40 см, а најголем формат 30х45см. На задната страна, секоја принтана фотографија треба да ги содржи следните податоци: име и презиме на авторот и наслов на фотографија. Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна;
3. Секој заинтересиран кандидат треба да достави минимум 5, а максимум 10 фотографии во електронска форма и 3 принтани фотографии;
4. Со доставувањето на фотографиите авторот потврдува:
• дека фотографијата е негово авторско дело и
• дека се согласува фотографиите да се користат за интерни потреби на Општина Куманово со задолжителна референца на авторот.
5. Општина Куманово не подлежи на никаква финансиска или друг вид компензација за печатење или јавно прикажување на фотографиите;
6. Конкурсот трае 1 (еден) месец од денот на објавување во средствата за јавно информирање. По завршувањето на рокот за пријавување, стручна комисија ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе одбере 30 најдобри кои ќе бидат изложени;
7. На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија (прво, второ и трето место) според оценките на стручната комисија.
Наградниот фонд е следен:
• награда за прво место 20.000 денари,
• награда за второ место 15.000 денари и
• награда за трето место 10.000 денари.
8. Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во посебен затворен плик внатре да биде Пријавата за учество на конкурсот.
9. Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок и согласно наведените критериуми нема да бидат разгледувани.

Адресата на која треба да се достават Пријавите за учество на конкурсот заедно со предлог – фотографиите е:
Општина Куманово
ул. „11 Октомври “ бб, 1300 Куманово
со назнака „За Конкурсот за најдобра фотографија“

или лично, во Архивата на Општина Куманово.

Пријавата за учество на конкурсот може да се симне ТУКА или да се подигне лично во Архивата на Општина Куманово.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон 031-414-375 ( лок. 118, лок.119 или лок.120) , секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот или во просториите на Општина Куманово на ул. Братсво и Единство бр.20 (зграда на поранешен Козјак) прв кат, канцеларија 8, 9 и 10 (Одделение за стратешко планирање и ЛЕР) .

Општина Куманово
Одделение за стратешко планирање и ЛЕР