Конференција за миграција,раселување и отпорност на заедницата


Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски и Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска присуствуваа на дводневна конференција за подобрување на координацијата меѓу најпогодените општини и зголемување на протокот на информации и размена на искуства која се одржа на 4 и 5 октомври во Белград.

На конференцијата имаа можност да се обратат осум градоначалници меѓу кои Дамјановски и повеќе од 15 други претставници на институции и невладини организации кои работеа директно на мигрантската криза. Претставниците на општините разговараа за подготвеноста за различните миграциски движења, почнувајќи од ефектите на одливот на државјани, доаѓањето на мигранти и бегалци, и споделија искуства и ги идентификуваат клучните научени лекции од изминатите две години.
Во делот од конференцијата кој беше посветен на можностите поврзани со враќањето и миграција на раселеното население кое може да влијае на развојот на општините на подолг рок, свое обраѓање имаше Секретарот Валентина Алесковска.

На средбата се постигнаа три главни резултати:

-Се извши мапирање на потребите за поддршка на општините и идентификација на проблемите во капацитетот со кои тие се соочуваат;
-Се воспостави неформален механизам на размена на информации помеѓу општините, подобрување на координација, реакција при непредвидени ситуации,
-Се собраа добрите практики и научените лекции кои ќе ја формираат основата за водич за општините и наоѓање начини на подобро справување со ефектите на различни миграциски движења и изнаоѓање на позитивни влијанија од овие процеси.

На конференцијата дел од дискусиите се фокусираа на следните теми:

-Балансирање на јавните финансии – визуелниот ефект врз буџетот на заедниците кои се веќе ранливи, кои работат под мерки за штедење или страдаат од намален капацитет за извршување на јавните услуги.
– Истражување на долгорочни финансиски бенефиции на миграцијата.
-Управување со општинските средства – влијанието на миграцијата на обезбедување на услуги и инфраструктура за локалната заедница
-Намалување на влијанието мигрантската криза на патната инфраструктура, системите за водоснабдување, управување со отпадните води и управување со цврстиот отпад
-Зголемување на знаењето и податоци за ресурси, подготвеност и планирање во општините за непредвидени ситуации и катастрофи.
-Одржување на социјална кохезија – решавање на прашања поврзани со безбедноста, политичките тензии, дискриминацијата и кршење на човековите права, кои можат да ја загрозат социјалната кохезија и процесите на етничко помирување во одредени земји
-Социјална и економска инклузија на мигранти и бегалци – размена на искуства за интеграција, образование и пристап до животот на мигранти и раселени популации.